Максо: Времето ќе покаже дека се работи за монтажа и сценарио

Наместо казни, треба едукација и општо-корисна работа за населението од нашата држава, смета градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за „Утрински брифинг“.

Побаравме од Владата наместо мерката за казнување од 20 евра, во овој тежок социо-економски период да ја замениме со општествено корисна работа. Сметам дека секоја мерка која се воведува не треба да удира по џебот на граѓаните. Ако им наметнуваме на граѓаните да носат маска, треба секому да доделиме и бесплатни маски, додава тој.

Во однос на неговиот спор со властите кој стана се поактуелен изминатиов период поради тоа дали тој ги почитувал протоколите или не, кумановскиот градоначалник вели, времето ќе покаже дека се работи за монтажа и сценарио, но дека во моментов им верува на институциите.

Очекувам да бидам запознаен. Нека им служи на чест на сите кои беа дел од тоа сценарио, а одговорите за тоа после оваа криза, јас верувам во институциите. Мој приоритет се граѓаните на Куманово, викендов да организираме концерти на отворено и да им олесниме малку во секојдневието, изјави Димитриевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави