Маричиќ најави скорешно објавување на планот за прочистивување на судството

Mинистерот за правда Бојан Маричиќ најави скорешно презентирање на лланот за филтрирање во правосудството, а за методологијата се работи заедно со членови на Судскиот совет, Советот за јавни обвинители, како и експерти.

Маричиќ додаде дека постојат повеќе аспекти што треба да се докомплетираат, меѓутоа моделот многу скоро ќе биде готов, кој е базиран на законските решенија од 2019 година.

„Веќе е започнат еден вид на филтрирање или прочистување и веќе осум судии се разрешени, а 83 се во постапка“, вели Маричиќ и додава дека целта е процесот да биде појасен, потранспарентен и конкретизиран, усвоен во наредните недели во соработка со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, бидејќи тоа е нивна должност.

Тој очекува процесот да доведе до судство без  корупција, преку редовна и динамична проверка на работата и на судиите и на обвинителите, која ќе биде во рамките на постоечкиот закон со зајакната транспарентност и одговорност, како и етика во работењето, бидејќи само така ќе се врати довербата во правосудството.

„Тоа значи дека оние што се професионални, чесни и одговорни судии и обвинители да останат во судството и да бидат наградени, а оние кои не работат професионално, одговорно или пак има докази дека намерно застаруваат предмети и се коруптивни, да не бидат дел од судството“, констатираше Маричиќ.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела…
Повеќе

Девојче паднало од балкон

Тринаесетгодишно девојче со повреди здобиени од пад, вчеравечер било пренесено во гостиварската болница. Според информациите од полицијата, околу…