Меџити не ја поддржува новата влада со Груби и Османи министри

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како новиот пратеник Арбен Зибери, инаку внук на Насер Зибери (кандидатот на ДУИ за премиер), нервозен излезе од Собранието и на излегување со џипот удри во металната рампа.

Снимка од настанот на својот профил на друштвената мрежа „Фејсбук“ објави „Лајм тв“.

Зибери беше директор на ИЈЗ пред да биде разрешен од министерот за здравство Венко Филипче.

Од друга стртана, Фатмир Лимани, функционер од ДУИ на Фејсбук реагира во врска со поделбата на ресорите во партијата.

„Сабјата е во двата прста на Изет Меџити, кој треба да биде одлучувачки фактор кажувајќи им го местото на сите без разлика. Владата се гласа или паѓа со двата прста на Меџити“, напиша Лимани. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави