Меѓаши бара затварање не градинките и онлајн настава во училиштата

Првата детска амбасада во светот Меѓаши бара затворање на градинките и целосна онлајн настава во училиштата. Тие сметаат дека со таквата мерка властите ќе дадат поголема поддршка и соодветни услови за работа на здравствените работници.

„Сега е соодветно време за префрлање и на децата до трето одделение на онлајн настава и затворање на градинките, а родителите на децата до десет годишна возраст да се ослободат од работа, се наведува во соопштението.

Загрижени се што во детските оддели од болниците се прегледуваат деца за кои постои сомнеж дека се заразени со ковид-19 и останатите.

Од детската амбасада велат дека недостасуваат информации за бројот на позитивни случаи на деца заразени со ковид-19, ниту вкупен, ниту на дневна основа.

-Недостасуваат информации за сместувачките капацитети за хоспитализација на децата што се позитивни и дали има доволен стручен тим посветен само за децата или одговорностите на здравствените работници се и за возрасни и за деца во исто време, прашуваат од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави