Мијалков: Љубе Бошкоски јавно ми се извини за клеветите кажани во изборна кампања

На продолжението на предметот „Тортура“ се пуштија видео снимки од прес-конференции и говори од изборната кампања за предвремените парламентарни избори во 2011 година на која оштетениот Љубе Бошкоски и членови на неговата партија Обединети за Македонија говорат за обвинетиот Сашо Мијалков и Орце Камчев, како и нивните јахти кои, како што вели Бошкоски во говорите, пловат под знамето на Панама, која се смета за даночен рај.

По пуштање на првата снимка, обвинетиот Мијалков повторно побара збор и кажа : “Бошкоски јавно ми се извини за изречените клевети во говорите од предизборната кампања”. Пред ова Михајлоков зборуваше пред судот дека никогаш Бошкоски не го апсел поради лична нетрпеливост туку поради снимки обезбедни со посебни мерки на кои зема пари кои кога го апсат ги фрла на под.

„Во случајот со апсењето на Бошкоски постоеле докази врз основа на кои надлежниот судија дал налог за апсење за кривично дело за кои јавноста имаше можност да го види од видеоматеријалите на кои се гледа како Бошкоски по третпат зема незаконито 100 илјади евра во кеш кои ги фрла за да се ослободи од нив. Се дава во бегство по што овластените службени лица од Бирото за јавна безбедност видовме како го уапсија согласно со стандардите и обуките што ги имаат поминато“, појасни детално Михајалков.

Total
0
Shares
Поврзани објави