Микробиолозите барат да се прерипа учебната година

Учебната година да се одлoжи и да почне следната година во септември, предлага микробилогот Никола Пановски откако министерствата за образование и здравство соопштија дека наставата ќе биде со физичко присуство од прво до трето одделение, а сите нагоре, онлајн.

-Особено ќе биде опасно во следните месеци Ноември, Декември Јануари и Февруари па и Март. Децата нема тогаш да излегуваат надвор, но ќе се собираат во затворен простор. Ако децата се држат во зимскиот период ќе биде опасно, предупредува вели Пановски за Алфа“.

Исто предупредувасње минатата недела упати и епидемиологот Драган Даниловски, кој побара ако треба и да се жртвува учебната година.

-Не сме ниту Данска, ниту Финска, ниту Шведска… Неприфатливо е Комисијата да препорачува, а МОН да одлучи! Не! Заклучоците на комисијата, артикулирани во одлука на министерот за здравство, треба да бидат закон, вели Даниловски.

Тој смета дека не смее да се оди со приодот – да пробаме, па ако треба ќе смениме.

-Тоа е начин на стекнување знаења се метод на „обид и грешка“. Тоа е најпримитивниот начин на доаѓање до знаење! Разумни суштества учат од свое и туѓо искуство. Не смееме да експериментираме со најдрогоценото нешто – децата! Нашиот подмладок! Ќе останеле децата неписмени? Ќе бидам краток: -Сè може да се надомести, ама здравјето и изгубените животи – не можат!- вели Даниловски. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави