Митрев, вирусот прави голема инфекција и доведува до сепса

Кардиохирургот Жан Митрев вели дека корона вирусот предизвикува голема инфекција, која го пореметува имунолошкиот организам на пацинетите и доведува до тешки форми на сепса.

Митрев во интервју за Сител открива дека во моментов кај нив се лекуваат повеќе од 50 пациенти, а располагат околу 80 кревети комплетно опремени со мониторинг за грижа на болните.

„Континуирано бројките се зголемуваат, не се работи за прв бран, втор, бран, последнава недела осеќаме дека има голем притисок, не можеме одма и веднаш да ги примаме пациентите, тие мора да почекаат“, изјави Митрев.

Тој забележува дека се спушта старосната граница на пациентите, многу млади луѓе се јавуваат со тешка пнеумоинија, помеѓу 30-50 години.

-Вирусот е непредвидлив. Се радуваме за млади пациенти кои после 7 дена ги тргнаме од машина, од друга страна кај друг пациент правиме сè што можеме, но не можеме да помогнеме“, открива Митрев и додава дека овие пациенти многу доцна за јавуваат на лекар.

Total
0
Shares
Поврзани објави