Млад битолчанец починал од корона откако избегал од болница

Битолчанец на 35 годишна возраст избегал од инфективното одделение на Клиничка болница-Битола, каде каде се лекувал од инфекција на коронавирусот, а по неколку часа откако бил вратен во болницата и починал.

Настанот се случил вчера попладне откако М.А. избегал од болницата, по пријава на надлежните служби и со интервенција на полицијата бил пронајден дома, и со служба за итна медицинска помош бил вратен на лекување.

-Пациентот, позитивен на Ковид-19 во болницата беше вратен со возило на итната медцинска помош, но во тешка здравствена состојба, неконтактибилен, со немерлива сатурација и изразена цијаноза“, појаснуваат здравствените власти.

Тие велат дека и покрај преземените мерки за реанимација во 18:45 часот пациентот починал со клиничка слика на тешка кардиоресприраторна инсуфициенција.

Total
0
Shares
Поврзани објави