Многу тепачки со користење ножеви и секири

Најчесто по кавга и расправија, многу граѓани изминатото деноноќие се тепале, а некои користеле и ножеви и секири.

Според билтенот на МВР, во неделата во 20.20 часот во с.Стајковци, скопско од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода П.В.(28), З.В.(53) и М.В.(23) сите од с.Стајковци, постапувајќи по претходна пријава од Т.В.(51) од с.Стајковци дека по претходно недоразбирање и расправија бил физички нападнат од пријавените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден во 21.30 часот во СВР Скопје, В.Г.(30) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот во близина на трговски центар на бул. „Кочо Рацин“ додека бил заедно со М.Д. по претходна расправија бил физички нападнат со стаклен предмет од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.08.2020 во 00.20 часот во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода Б.В.(42) од Кочани постапувајќи по претходна пријава на В.Б.(41) од Кочани дека на 02.08.2020 околу 23.30 часот пред казино во Кочани, Б.В. со нож се обидел да го повреди пријавителот откако претходно Б.В. со секира го повредил Д.З. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави