Моторџија загина по судир со трактор

Моторџија загина по судир со трактор, вчера на магистралниот пат Гостивар-Кичево, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 14.30 часот. Тогаш мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистерски таблици, што го управувал А.Х. (25) од село Здуње се судрил со трактор со приколка управуван од А.Ш. (26) од село Равен.
Возачот на моторот починал на самото место. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.

фото: нет

Total
0
Shares
Поврзани објави