Денеска се очекуваат нови рестриктивни мерки против Ковид-19

Комисијата за заразни болести денеска ќе расправа за воведување нови рестрикции откако вчера беа регистрирани рекорден број на новозаразени од над 500 лица.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека новите мерки би вклучувале рестрикција на јавниот превоз и ограничување на работа на угостителските објекти.

Тој смета дека е се уште е рано да се зборува за воведување полициски час.

Проблемот со чекањето за тестирање на сомнителните и со симптоми треба да биде надминат со брзите тестови.

Во наредните денови се очекува донација од 7500 тестови, а ќе се набавуваат и со пари од заемот од Светска банка.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави