На автопат во Македонија: Излегол од автобус и почнал да го тепа

Во 07.30 часот во СВР Куманово бил приведен и задржан 25-годишниот Д.П. од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, казниво по член 133 од Кривичниот законик.

Истиот ден околу 05.00 часот на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Табановце, при излегување на автобус, Д.П. по претходна расправија, физички нападнал едно лице и му нанел тешки телесни повреди.

По целосно документирање и расчистување на случајот, против Д.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: Против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција во врска со случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино…