На екс спикерот Велјановски не му се одзеде имунитетот

Собраниската комисија вечерва не му го одзеде имунитетот на пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ , Трајко Велјаноски , поранешен претседател на Собранието. Членовите гласаа со 4:4 гласа.

Тоа не значи дека е одбиено и не значи дека се препорачува негово прифаќање. Оваа тема на расправа ќе биде пренесена за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави, рече претседателот на комисијата Павле Богоевски.

Велјановски се повика на имунитетот кога беше приведен како осомничен за крвавиот четврток. Судија на претходна постапка побара да му се симне имнуитетот поради распит и барање од обвинителство за одредување притвор. Истата вечер беше одреден притвор за  екс министрите Миле Jaнакиески и Спиро Риствоски.

На Јанакиески допонително му е одредена мерка домашен притвор , а Ристовски останува во затворот во Шутка.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Следува викенд без ддв !

Викендот без ДДВ кој го најави Владата, најверојатно ќе се случи следните недели. Но како ќе функционира? Според…