Неготино среде пандемија остана без вода !

Веќе неколку дена во Неготино без никаква најава од ЈП Комуналец се исклучува водата за пиење. Рестрикциите започнуваат во вечерните часови, а завршуваат во утринските. Зошто во ек на пандемија, за која здравствените власти редовно апелираат дека хигиената и редовното миење на рацете е клучен фактор за заштита од вирусот, граѓаните се оставени без вода со часови, нема никакво појаснување од надлежните служби.

На страницата на ЈК Комуналец последното известување за прекин на водата за пиење датира од седми мај. На официјалната страница на општината пак, во последното известување од страна на ЈП Комуналец е наведено дека поради чистење на каналската мрежа од алги, од 17-ти до 19-ти јули во прекин ќе биде снабдувањето со вода за полевање на дворните површини.

За рестрикциите на водата за пиење нема ниту една информација.

Одговорот се обидовме да го добиеме на телефонскиот број на ЈП Комуналец, објавен на нивната Фејсбук страница, но никој не одговори на нашите повици. Граѓаните се револтирани поради рестрикциите, но и поради нетранспарентноста од страна на надлежните служби.

На социјалните мрежи, на страници посветени на градот го изразуваат своето незадоволство и бараат одговори, но и решение на проблемот. Како потсетување, Неготино околу три децении се соочуваше со секојдневни неколкучасовни и целовечерни рестрикции на водата за пиење.

извор : Fokus.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

„Аваја“ предизборно бара од партиите да ветат пристап до вода, канализација и струја за Ромите

Политичка партиципација, вклучување на помалите етнички заедници во јавната администрација, вработување, ваучери за сузбивање на неформалната заедница кај…