Се додека температурата не падне под 12 Целзиусови степени порното во Скопје нема да биде пуштетно. Регулаторна комисија за енергетика вели дека се раководат според температурите кои ги најавува УХМР.
-Еве на пример, ние денеска добивме известување од УХМР дека утре надворешната дневна температура ќе биде 14 степени Целзиусови, што значи дека нема да биде пуштена топлинска енергија кај потрошувачите, изјави за медиумите првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимоски.
Скопјани се жалат дека радијаторите во домовите и понатаму се ладни, иако вечерните температури се движат некаде од 7 до 5 Целзиусови степени, а за неделава се најавуваат и пониски температури.Вечерните и утринските часови е неподносливо ладно особено за становите што не ги грее сонце.
Редовно ги плаќаат сметките за парно греење, а се принудени во овој период да се стоплуваат со вклучување на клими уреди или греалки, што е дополнителен трошок за нивниот семеен буџет.
Но, граѓаните прашуваат што е со средната температура. Што ако дневната е 15 степени Целзиусови, кога вечерните и утринските се спушаат за двојно повеќе?
Бидејќи Регулаторната комисија тоа не ја интересира, граѓаните ќе мора да се затоплуваат со дополнителни грејни тела, доколку ги имаат и да трошат дополнително електрична енергија за да го премостат тој период од 1-ви до 15-ти октомври.