Oштетена таблата на бугарскиот клуб во Охрид

Уништен е натписот со името на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, кој се наоѓа над влезната врата на зградата.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, изјави дека инцидентот се случил денес по пладне и сè уште трае увидот на полицијата.

Бугарскиот клуб беше отворен пред пет дена, а на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица.

Тогаш претседателот на здружението „Цар Борис Трети“, Томе Блажевски, рече дека здружението било отворено пред една година и ги поминало сите законски процедури.

извор: Макфакс

Total
1
Shares
Поврзани објави