Објавен списокот на македонски државјани кои одбиле самоизолација – редакциски став

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го објави списокот од 138 македонски државјани кои одбија да ги примат решенијата за самоизолација, односно на кои не можеше да им се достават уредно.

Списокот е објавен во еден од пишаните медиуми во Македониа, а 104 се од Скопје и од приградските населени места.

Од Штип има 28 граѓани, додека од Гостивар се четворица, како и еден од општина Желино. На списокот нема жители од други општини и градови.

Првично инспекторатот не можеше да најде повеќе од 450 луѓе. Инспекторатот подолго време се подготвуваше за да го објави овој список.

ПОРТАЛОТ ДОСИЕ.МК ПО ОДЛУКА НА УРЕДНИШТВОТО НЕМА ДА ГО ОБЈАВИ ЈАВНО СПИСОКОТ – ЈАВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ НА ИМИЊА ЗА НАС Е НЕДОЗВОЛИВО ОД ДВЕ ПРИЧИНИ

  1. ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБИ И ИНСТИТУЦИИ СЕ ДОЛЖНИ ДА ГИ ПРОНАЈДАТ ЛУЃЕТО ДА ИМ ГО ДАДАТ РЕШЕНИЈАТА И ДА ГИ САНКЦИОНИРАТ – А СО ТОА СИТЕ ОСТАНАТИ ГРАЃАНИ ДА НЕ ЗАШТИТАТ ОД ЗАРАЗАТА ОД КОЈА СТРАДА ЦЕЛИОТ СВЕТ НЕШТО ШТО Е НИВНА ДОЛЖНОСТ И РАБОТА ЗАРАДИ ШТО СЕ ПЛАТЕНИ ОД ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ НА ГРАЃАНИТЕ НА ДРЖАВАТА
  2. ОБЈАВУВАЊЕТО НА ИМИЊАТА Е НАВЛЕГУВАЊЕ НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРИВАТНИ И ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ШТО ПОРТАЛОТ МОЖЕ ДА СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ПРЕДВИДЕНА ПО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Кристина Мачкиќ – dosie.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

ТАМАРА & ТАМАРА

Две Тамари направија тектонски пореметувања во ова парче земја кое за два часа со кола се поминува уздуш…
Повеќе

Димче пуф пуф транс

Поскапува водата. Кому му е гајле? Ќе се менува Законот за пушење….ееее ова е за дебата. Гледам сите…
Повеќе

Сите ние сме Вие

Одамна сум кажала за во кафеана сите сме другари. Лесно е да се радуваш, пееш, пиеш… Но во…