Од понеделник забрана на настани и ограничувања во јавниот превоз

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека високиот број на заболени од корона вирусот се за очекување бидејќи слична ситуација има секаде во светот.

Филипче најави нов сет на мерки за спречување на вирусот во очекување да стапат на сила носењето на маски на отворено.

„Утрово разговаравме и за дополнителен мерки. Во понеделник ќе предложиме ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани. Со тоа ќе се намали бројот на заразени од корона вирусот“, смета Филипче.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави