Од земјотресите пукна цевка за вода

По три недели повторно рестрикции во водоснабдувањето во Тетово, дефект исто како во февруари По три недели повторно Тетово се соочува со недостиг на вода за пиење откако пак се јави сличен проблем со прекинување на водоводна цевка во месноста Лешница на 23 февруари. Станува збор за цевка со големина фи-500 во месноста Лешница која е дел од новиот водоснабдителен систем што носи вода од планинските реки.

-Како резултат на земјотресот имаме лизгање на земјиште на линијата во Лешница каде имаме дефект на главната цевка од фи-500. Моментално водата во градските резервоари драстично се намали во една средна вредност од 150 литри вода во секунда. За ублажување на оваа ситуација, јавното комунално претријатие Тетово ги пушти и активира и четирите бунари во градот, информираат од ЈКП Тетово. Повторно се воведуваат рестрикции во вкупно траење од 11 часа и 30 минути во еден ден.

-Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови на градот, од денеска вторник ќе почне со рестрикција на водата за пиење од 08:00 до 11:30 часот, од 15:00 до 18:00 и после полноќ од 00:00 до 05:00. часот. Оваа рестрикција ќе трае се до санирање на дефектот на главната водоводната линија во Лешница, информираат од ЈКП Тетово.

По дефектот на 23 февруари беа потребни девет дена работа за поставување на нова цевка и нормализирање на водоснабдувањето.

извор: тетово инфо

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Сончево и уште потопло

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен…