Одложено судењето Титаник 2: Тачи побара да присуствува на прославата на албанското знаме во Тирана

Денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ е одложено затоа што обвинетиот Мендух Тачи побарал да оди на прослава на албанското знаме во Тирана. Поради тоа во Кривичниот суд од затворот Шутка, не беше спроведен ниту притворениот Сашо Мијалков.

Поранешниот директор на УБК денеска требаше прв пат да се појави во Кривичниот суд по притворот, откако не беше спроведен ниту за рочиштето за предметот за „Таргет-Тврдина“ затоа што судот не стасал да испрати наредба за негово спроведување од Истажниот затвор во Шутка.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави