Оградата од вилата на Тито во Охрид вратена во Белград

Еден дел од поранешната ограда што беше поставена околу поранешното сојузно Собрание на СФРЈ, а денес Народно Собрание на Република Србија, по точно 65 години ќе биде вратена на своето старо место.

Инаку познатата “сојузна скупштина” која се наоѓа во центарот на Белград е местото каде Јосип Броз Тито беше прогласен за доживотен Претседател на поранешна СФРЈ, а пред таа зграда се случија и настаните на 5 октомври 2000-та година кои на крајот резултираа со падот на Слободан Милошевиќ.

Таа ограда, со специјален лет, беше донесена од Македонија во Србија, а работниците веќе ја поставуваат пред српскиот парламент во Белград. Како што е најавено во протоколот, примопредавањето ќе биде денес ( четврток ) во 07 и 30 кога на претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, оградата ќе му ја предаде градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

Станува збор за зачуван фрагмент од оградата, долга околу 4 метри, која по демонтажата е инсталирана пред вилата на Тито, Билјана во Охрид во 1956 година.

Оградата од ковано железо, за која историчарите на уметност тврдат дека е раскошна и фасцинантна, била поставена во 1936 година околу Собранието на Кралството Југославија и била долга околу 500 метри. Направено е според проектот на познатиот архитект Николај Краснов.

извор: vocentar.com

Total
0
Shares
Поврзани објави