Опасно се приближуваме на бројката до илјада инфицирани дневно

Пандемијата со коронавирус зема се поголем замав во С.Македонија. Министерството за здравство вечерва објави дека во изминативе 24 часа дури 870 граѓани се заразиле со Ковид-19, а биле тестирани 2647 лица.

Како последица на вирусот, починале 14 лица. Тројца пациенти од Скопје на возраст од 51, 60 и 83 години, тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови.

Битката со опасниот вирус ја добиле 292 пациенти. Скопје и понатаму е на врвот на листата на градови кои најмногу се најдоа на удар на вирусот, со 422 новозаразени со Ковид-19. Следуваат Тетово – со 64 нови случаи и Струмица со 55 новозаразени со коронавирус. 

Со цел справување со заразата, во моментов на сила се неколку мерки како намален капацитет на превозот на патници на 50%, скратено работно време на угостителските објекти до 23 часот, како и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 23 часот.

Total
0
Shares
Поврзани објави