Паланчани веруваат дека во центарот на градот се бара злато, а градоначалникот негира

Паркот и плоштадот во Крива Паланка со месеци се раскопани и градежните работи никако да се првиршат. во чаршијата се шират разни гласини за застојот на работите со рекунструкцијата на паркот и плоштадот.

Едната е дека општината сакала да го реновира центарот на градот, но снемало пари,втората е дека има проблеми со проектот, кој имал многу недостатоци, а третата е центарот на градот е раскопан затоа што се барало закопано злато.

Но луѓето во Паланка повеќе веруваат на приказната дека се купало по потрага по злато, за што се зборувало со години.

„Сите знаеме дека на времето ова беше главен пат кон Бугарија. Додека не се направи обиколницата патот поминуваше низ Крива Паланка. Тука поминувале богати трговци, па за да не им го украдат златото по патото го криеле, го закопувале“, изјавиле за порталот ммѕ.мк граѓани од оваа општина.

Другите пак верувале дека работите се развлекуваат поради лошиот проект кој не превидел подземна инсталација.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски објаснува дека застојот е поради решавање а непредвиени активности околу подземните инсталации и најавува брзо продолжување на работите.

„Дезинфомрации се и дека немало проект за градба или лош проект. А за златото. Да се насмееме. Секако дека се дезинформации и дека се бара злато. Откако почнавме да реновираме се изнаслушав многу работи, ама ова со златото се само чаршиски муабети“, изјавил Мицевски за ммѕ.мк.

Total
0
Shares
Поврзани објави