Петров од СДСМ за Груби, ти зборуваш за иновации, тој за етнички вработувања

Потпретседателот на СДСМ Коста Петров на социјалните мрежи со доза на иронија индиректно ја коментира идејата на вицепремиерот Артан Груби за владина помош за компаниите кои ќе вработуваат Албанци.

“Ти зборуваш за иновации, нови технологии, artificial intelligence (вештачка интелигенција), biotech, data science, креативност, тој за субвенции за етнички вработувања.

Едно иновативно општество за сите ”, напишал Петров во својата објава на Фејсбук.

Петров својот ироничен коментар го објавува откако вицепремиерот Битиќи од неговата партија СДСМ се спротивстави на идејата на ДУИ за етнички базирани државни субвенции.

Total
0
Shares
Поврзани објави