Планинари бараат да прекине еколошкиот геноцид во Лешница

Македонската алпинистичка федерација (МАФ) најостро ја осуди изградбата на неколку мали хидроцентрали на Лешница и бараат прекинување на овој неповратлив терор, во еден од најубавите предели на Шар Планина.

Пред две недели, невладини органиизации и жители од околните села се здружија во иницијативата „Зелен фронт против малите хидроцентрали“ со која сакаат да ја спасат Лешница. Досега таму се изградени 11 мали хидроцентрали, а се планира да се градат уште 15.

МАФ вели дека Лешница е Шарпланински бисер – Алпи во Македонија, комерцијално новоткриениот рубин за алпинистите со децении.

„Лешница е алпинистички локалитет со непроценлива вредност. Меѓутоа, врз тој предел од Шара сега на најбрутален и на најдрзок начин се врши масакар на сѐ она што подразбира планина, дивина, хармонија. Пустошот е системско уништување за изградба на неколку минихидроцентрали“, се вели во нивното протестно писмо.

Тие прифаќаат дека за развојот на земјата потребни се нови енергетски ресурси, меѓутоа не по секоја цена.

„Не по цена на геноцид. За нас алпинистите не е проблем бескрпулозната ‘урбанизација’ на бастионот на македонскиот алпинизам, туку уништувањето на дар за човештвото создаден од природата, бидејќи тоа е во срцето на најголемиот планински масив во Македонија“, додават тие.

Алпинистите минатата недела ја чистеа Лешница и за само неколку часови собрале десетици вреќи со смет. Во исто време одржаа и протест организиран од активистите на „Зелен фронт“, кој беше усмерен против изградбата на малите хидроцентрали. 

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави