Платежни картички-а зошто не и во стоматолошки ординации?

Започна процесот на издавање на домашните платежни картички кои ќе се користи за купување македонски производи и услуги во ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одморалишта, сместувачки капацитети, туристички агенции, трговија на мало, продавници за храна и пијалаци, зелени пазари, аптеки и фризерски салони и салони за разубавување.

На ова реагираа и дел од стоматолозите, кои побараа од Министерството за финансии, во услугите за користење на платежните картички да се вметнат и стоматолошките услуги.

А зошто не и во стоматолошки ординации? Кога веќе сме кај разубавување – здрава уста и санирани заби се вистинско разубавување , пишува стоматологот Александар Нечаковски на својот фејсбук профил.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

В.д. директорот на ЈП „Градски паркинг“ – Бојан Христовски денеска на Фејсбук сподели дека се повлекува од раководната позиција во претпријатието

Го пренесуваме во целост неговиот пост на социјалната мрежа: „Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за…