Почина девојчето со ампутирана нога по автобуската несреќа кај Ласкарци

Денеска, на повредите им подлегна 19-годишната девојка, повредена во тешката автобуска несеќа кај Ласкарци на која, по несреќата и беше ампутирана ногата.

„И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот, односно да ги санираат повредите, девојката почина денеска околу 13 часот“, потврдиле за „Независен весник“, д-р Алберт Леши, раководител на Клиниката за траумалкогија, ортопедија, анестезија и анимација при Клиничкиот центар во Скопје.

Таа е 16. жртва на несреќата кај Ласкарци што се случи на 13 февруари кога автобус на „Дурмо турс“ полн со патници излета возејќи од Скопје кон Гостивар.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Загина 28 годишен моторџија

Скопјанец загина во сообраќајка кај Катланово, дознава 24 Инфо. Според неофицијални информации, сообраќајната несреќа се случила околу 13…