Поевтин роаминг во регионот и Академија за сајбер безбеност во Скопје

Министерството за информатичко општество и администрација е домаќин на своите колеги од регионот. Покрај министрите и владини претставници од државите од Западен Балкан во Скопје се и еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас. Министерот за информатичко општество и Дамјан Манчевски ја претстави и идејата за отворање на регионална Академија за сајбер безбедност во Скопје, пренесе МЕТА.

“Денеска заедно со моите колеги министри од земјите од Западен Балкан, како и колегата од Грција, продолжуваме да разговараме за намалување на цените за роаминг и идејата за воспоставување на регионален тренинг центар за сајбер безбедност овде, кој што ќе биде лоциран во научно-технолошкиот парк”, вели Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Една од темите на кои се разговараше е и намалување на цената на роамингот во земјите од регионот. Според најавата договорот би требало да се потпише на следниот дигитален самит што во април ќе се одржи во Белград.

Конечното укинување на роамингот помеѓу државите од Западен Балкан би можело да се случи веќе во 2021 година. Со конечното укинување на роамингот картичка купена од еден од операторите на државите во регионот ќе може да се користи во било која држава без дополнително плаќање за роаминг.

Како ова ќе се одрази на цените на операторите останува да видиме. По укинувањето на роамингот во Европската Унија дел од телеком операторите ги покачија цените на импулсите, но и креираа поевтини пакети со кои се оневозможува користење на роаминг.

извор: it.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск за купување на компанијата

Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер речиси едногласно го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск…
Повеќе

И Обама фати корона

Поранешниот американски претседател, Барак Обама, е позитивен на тест за ковид-19. Информацијата во текот на вчерашниот ден ја…