Полицијата со детали за апсењето на браќата Бојку

Полицијата соопшти детали од вчерашната акција во која беа уапсени синовите на ликвидираниот Дилавер Бојку Леку. Во акцијата уапсен е Ербен Бојку кој е баран и осуден за отслужување на казна затвор од 21 година за многу кривични дела меѓу кои и убиство. Со него приведен е и брат му бидејќи и тој имал пиштол. 

„На 19.03.2021 околу 21.45 часот на патот Струга-Дебар, пред селото Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година“, велат од МВР.

Нивниот татко, познат како макро и бизнисмен Дилавер Бојку – Леку кој е и осуденик, беше убиен пред својата кафеана на плажа во Струга во 2017 година. 

Total
0
Shares
Поврзани објави