ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 23 ЧАСОТ, 14-ДНЕВЕН КАРАНТИН ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД ИНДИЈА И БРАЗИЛ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

Од утре (среда, 5 мај) полицискиот час наместо од 21 часот ќе почнува од 23, одлучи Владата на денешната седницата.  Забраната за движење како и досега ќе трае до 5 часот наутро.

Соодветно на овие измени, кафулињата и кафеаните ќе бидат отворени за гости до 22.30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

„Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица, патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви ковид-19“, велат од Владата.

Извор: sdk.mk

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави