Поради истечен мандат на поротник, ВМРО ДПМНЕ го напушти судењето за „Талир“ и доби казна од 3000 евра

Судијата Осман Шабани кој го води предметот „Талир“ за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ на денешното рочиште ја казни партијата со 3000 евра.

Казната дојде откако претставникот на партијата во судница Димче Арсовски на почетокот на рочиштето посочи дека еден од поротниците имал 60 години и повеќе не смеел да ја извршува функцијата судија – поротник но и дека имал политички ангажман.

Судијата Шабани му одговори дека судницата ја помешал со Собрание и дека не се дозволени политички говори. По ова Арсовски рече дека ќе го напушти судењето за што беше предупреден дека ќе сноси последици како претставник на правното лице ВМРО-ДПМНЕ.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Таткото на Вања е наместен од полицијата за да се изготви лажен мотив, тврди Палчо и обвинува за политички монтиран процес

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството на малолетното девојче, Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски пред судот кажа…
Повеќе

Обвинение за Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против лице кое сторило продолжено кривично дело – Неовластено прислушкување и…