Пратеник во Собрание заразен со Ковид – Џафери: Онлајн седници кога ќе имаме повеќе средства во буџетот

Уште еден позитивен случај на коронавирус во Собранието. Пратеникот на Демократската унија за интеграција, Исмаил Јахоски, со симптоми на Ковид-19 беше примен на Инфективната клиника во Скопје, каде се лекува со анти-ковид терапија.

Случајот го потврдија од Собранието, но не откриваат дали и други пратеници ќе останат во изолација поради контакт со Јахиоски и дали се очекува промена во начинот на спроведување на планираните седници. Највисоката законодавна институција апелираше до пратениците да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19.

„Апелираме сите граѓани, освен во Собрание, да се придружат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно со контактите со блиските.“, велат од Собрание.

Пленарните седници и тие на комисиите се одржуваат со физичко присуство, но пратениците носат маски и држат дистанцата. Пред извесно време се пласираше идејата за дигитализација на Собранието, седниците да се одржуваат онлајн. Но, на оваа идеја и денес се спротивстави опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето до каде е идејата за дигитализација на Собранието, претседателот на Парламентот пред неколку дена рече дека тоа во моментов е неизводливо, бидејќи средствата што беа обезбедени за таа намена, беа скратени со ребалансот на буџетот. Вели дека Собранието ќе работи според тековните протоколи.

„Ова се здравствени проблеми за кои не смееме да постапуваме над она што се правилата, поради какви било можни здравствени последици, на секој што е вклучен тука.“, рече Џафери.

Пред извесно време позитивен со Ковид-19 беше и пратеникот Арбен Зибери, кој од изолирана соба во Собранието гласаше за составот на новата Влада.


Онлајн Собрание не е новост бидејќи тоа веќе го спроведуваат Шпанија, Италија, Бундестагот, Романија, Полска и Франција.

извор: tv21.tv/mk

Total
0
Shares
Related Posts