Префлање пари во Чешка сомнеж за бегство на Мијалков

Имотот во Чешка на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков ја зголемува околноста тој да се даде во бегство, продавајќи го огромниот имот од Македонија, ова е наведено во решението со кое му е определен притворот на Мијалков, дознава 1ТВ. Неофицијално, наведен е и допис од Управата за финансиско разузнавање дека на две банкарски сметки кои биле блиски до Мијалков, имало повеќе од 11 милиони евра. Екс директорот на УБК и бизнисменот Камчев, според дел од медиумите и покрај забраната за трансакции на сметките, сепак префрлале извесна сума на пари. Од кривичниот суд без детали за притворот на Мијалков.

„Судијата кој постапува по предметот по ценење на фактите и доказите опфатени со предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена. Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје во рок од 24 часа по приемот на решението“, соопштија од кривичниот суд.

„Денеска го примивме решението за одредување на мерка притвор. Во текот на денешниот ден ќе поднесеме жалба. Одбраната смета дека без да се повика, да се сослуша обвинетиот за предлогот за одредување на мерка притвор дека е недозволиво да му се одреди мерка притвор. Законот за кривична постапка, точно наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде одредена мерка притвор, доколку постојат услови“, изјави адвокатот Антонио Апостолски.

извор: 1tv.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави