Приватните болници немаат место за прием на нови пациенти

Сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“ попладнево биле на средба со министерот за здравство Венко Филипче, и оттаму излегоа со став дека се подготвени да помогнат, но немаат место за прием на нови пациенти.

Како алтернатива се нуди оспособување на стариот објект на „Систина- Мала Богородица“, каде веќе постојат одредени услови.

Дојче веле известува дека наместо прием на пациенти во нивните актуелни болници, сопствениците ќе треба да се договорат, во стариот објект на Систина, да обезбедат 100 кревети и персонал кој ќе ги опслужува пациентите, а со објектот ќе менаџира државата.

Останува до недела да се договорат уште многу детали меѓу кои е и прашањето: кој и како ќе плати за целата операција?

„Разговорите беа конструктивни, а приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата. Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид-кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравствени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш на формализирање на соработката работат тимовите од МЗ и приватните болници“, соопшти Министерството за здравство.

Total
0
Shares
Поврзани објави