Бизнисмени и сметководители осомничени дека испрале еден милион евра

Управата за финансиска полиција денеска приведе дваесетмина бизнисмени и сметководители, затоа што се осомненичени дека од општинските каси на Тетово и Гостивар организирано извлекувале пари оштетувајќи ја државата за над еден милион евра.

Управата во кординација со скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против 20 физички и 15 правни лица, за сторени кривични дела: Даночно затајување, Злоупотреба на службената положба и Помагање, кои го оштетиле државниот буџетот по основ на Данок на додадена вредност, Данок на добивка и Персонален данок на доход во вкупен износ од 62.933.835 денари.

Дел од приведените бизнисмени и сметководители изготвиле и доставиле 96  фактури со невистинита содржина на вкупен износ од 71.384.348 денари со вклучен ДДВ, без притоа да имаат реално должничко-доверителски односи со правните лица од Желино, Тетово, Скопје и Кичево.

Меѓу приведените има и двајца вработени во Капитал Банка АД – експозитура Тетово, кои  во својство на банкарски службеници воедно и сметководители на горенаведените правни лица, учествувале во поврзување на горенаведените физички и правни лица, и истите во нивно име спротивно на закон реализирале претходно потпишани бланко налози за пренос и подигнување на парични средства од неколку правни лица.

Со ваквите противзаконкси дејствија пријавените се осомничат дека го оштетиле Буџетот на држвата за вкупен износ од еден милион евра.

Total
0
Shares
Поврзани објави