Рачна бомба до автомобил кај средното уметничко, на учениците не им е дозволен влез во зградата

Направа што наликува на рачна бомба е пронајдена изутринава покрај автомобил на паркинг-просторот во близна на Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје, поради што се евакуирани сите присутни во објектот.

МВР потврди дека во 08:36 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на паркинг-простор има направа што наликува на рачна бомба оставена до автомобил.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот.

Од МВР велат дека се уште се утврдува дали станува збор за школска или вистинска бомба.

Во инцидентот нема повредени, а на учениците и наставниците им е забранет пристап до училишната зграда.

фото МИА

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави