Ремонт на гасоводот од Бугарија ги залади радијаторите во Скопје

Радијаторите во Скопје се млаки затоа што Балкан Енерџи Груп добива помали количини гас од ГА-МА поради ремонт на гасоводниот крак кој води кон Македонија.

БЕГ соопшто дека ваквата намалена испорака ќе трае до утре, 29 октомври, но ветуваат дека температурата во објектите на корисниците на системот за централно греење нема значително да се намали.

„Во периодот од 27 до 29 октомври можни се редукции на испраката на топлинска енергија, преку системот на централно греење. Овие редукции нема да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има значително намалување на внатрешната температура на објектите. Причината за ограничување на транспортот на природен гас, како што извести АД ГА-МА, е изведувањето ремонтни зафати на грејниот период на транзитниот гасовод од Бугарија, кон земјава, кои ќе ги извршува бугарската компанија „Булгартрансгаз, ЕАД“, објаснуваат од БЕГ.

Намалување на дотокот на природен гас за земјата минатиот четврток најави и ГА-МА АД Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

СЈО бара притвор за Камчев

СЈО бара притвор за петмина осомничени во најновата истрага „Империја“, и тоа за Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица…