Ристиќ: “Ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест”

„Ирена, а и јас, секако дека немаме намера да прејдеме преку незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени лица, напиша адвокатот Јанаки Митровски , адвокат на актерката Ирена Ристоќ која беше приведена и носена во прихијатрија Бардовци оти одбила алко тест. Тие најавија поведување постапка против одговорните , а ним им ќе им се придружи и Хелсишкиот комитет за човекови права.
“Секој полицаец во моментот кога Ве приведува е должен прво да се легитимира, да ве запознае со причините за Вашето приведување на јазик кој го разбирате, да ви даде поуки дека имате право да молчите, да ви даде поуки дека имате право на бранител и да ви овозможи да повикате бранител веднаш.
Време е, ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест, а не за потсмев”, советува адвокатот.
“Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите правни мерки против инволвираните кои си создаваат илегална пракса на носење на наводно алкохолизирани лица во психијатриска болница за „стручно лице“ да процени по физиономија дали сте пијан (нешто што не поминува на суд) или не, што нема законски основ, прво, а второ е идиотски.
Ристиќ и самата се огласи преку социјалните мрежи.
“Покажавте голем интерес за случајот. Безброј повици кај мене и мојот правен застапник. Ве известуваме на овој начин со цел да не даваме изјави одделно.
Ние секако дека немаме намера да прејдеме преку незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени лица.
Време е, ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест, а не за потсмев, кои треба да бидат органи на безбедност, а не на терор.
Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите правни мерки против инволвираните кои си создаваат илегална пракса на носење на наводно алкохолизирани лица во психијатриска болница за да “стручно лице” процени по физиономија дали сте пијан (нешто што не поминува на суд) или не, што нема законски основ прво, а второ е детски и крајно несериозно.
Ја очекуваме Вашата поддршка бидејки во оваа земја очигледно само така се помрднуваат работите.
За секунда ставете се во положба да од чиста мира овластени службени лица само поради тоа што тврдат дека сте алкохолизирани, имаат право да ве влечат по психијатарски болници.
Што се однесува до малициозните коментари, сеирот, ситењето, паушалните дијагнози и анализи, шерлокхолмсовските пориви, молкот, тука нема да ви се мешам. Секој сам си ја бира душевната храна.
Мојот фокус останува на идејата, на борбата до крајната цел и конечно, на луѓето кои во мене гледаат светла точка, на луѓето кои ја немаат мојата “лудост”, на децата кои ми се радуваат и за кои сум пример, на сите оние кои ми веруваат и ме сакаат и чија поддршка ме држи на нозе деновиве.
А да се проаѓа низ овој кафкијански лавиринт, ама уопште не е лесно. Пеколно е”, напиша актерката.

(фотографијата е објавена и позајмена од ФБ профилот на адвокатот на Рисиќ, а се сликана во 5 часот наутро вечерта кога беше приведена па по неколку часа ослободена)

Total
0
Shares
Поврзани објави