Се апсат италијански мафијаши во неколку европски земји

Во Германија, Италија, Белгија и во Холандија рано утринава беа спроведени координирани рации насочени кон припадници на италијанската мафија.

Германската федерална полиција соопшти дека пребарувала простории поврзани со активности на јужноиталијанската мафија Ндрангета, основана и најактивна во Калабрија.

Се тврди дека имало повеќе апсења, но не се прецизира колку вкупно лица се уапсени, објави агенцијата АП.

Операцијата била координирана од Евроџаст, европска единица за борба против прекуграничен организиран криминал.

Детали за операцијата засега не се познати, а во текот на денот во Хаг ќе се одржи прес-конференција по овој повод.

Total
0
Shares
Поврзани објави