Се бара , исчезнат четврти ден

На социјалните мрежи се споделува апелот за помош за пронаоѓање на скопјанецот Аврам Петкоски.
На момчето секоја трага му се губи во понеделникот наутро, а од семејството молат за било какви информации.

Случајот е пријавен и во СВР Скопје, од неговиот брат С.П.(31) од Скопје. Тој пријавил дека неговиот брат А.П.(33), кој бил со здравствени проблеми, утрото излегол од дома.

Тој последен пат бил виден во понеделникот околу 10 часот во близина на Стопански Двор каде што и живее, а облечен бил во сина јакна и фармерки.

Од неговата фамилија замолуваат доколку некој има некакаква информација што може да помогне во пронаоѓањето да бидат контактирани во семејството на телефонскиот број 078/343-613 или да пријават во локалната полициска станица.

Total
0
Shares
Поврзани објави