Што му кажа Руиз на Џошуа на крајот на мечот

Ентони Џошуа повторно е светски шампион во тешка категорија, откако со едногласна одлука на судиите во реваншот го победи Енди Руиз.

Британецот го најави триумфот врз Мексиканецот уште во првата рунда по одличниот удар, но Руиз успеа да издржи до крајот.

На прес-конференцијата по борбата новинарите ги интересираше што му кажал Џошуа на Руиз.

Му кажав никогаш да не се откажува. Само му го кажав тоа. Тешко е, ти си голем човек. Ти си голем шампион. Но му реков да го следи својот сон, кажа Џошуа.

Се очекува во следниот период Џошуа и Руиз да договорат уште една борба, односно трета меѓусебна пресметка, па фановите ќе можат да уживаат во голем спектакл.

Британецот го совлада Енди Руиз и да ги врати појасите кои ги изгуби на 1. јуни во Медисон Сквер Гарден. Сумата која што ќе ја земе од натпреварот ќе биде огромна. На негова сметка ќе легнат вкупно 66 милиони фунти.

Total
0
Shares
Поврзани објави