Шура уби зет во Тафталиџе

Откако КУРИР објави за инцидентот кој вечерва се случил во скопско Тафталиџе, информацијата ја потврдија и од МВР. Станува збор за убиство.

-На 20.12.2019 околу 19,40 пријавено е дека во продавница на ул. „Московска“ (непосредно до Зелен Пазар – Тафталиџе), извршено е убиство од страна на сопственикот на продавницата – В.Ш. (55), кој по расправија, со пиштол пукал кон С.Д. (55), негов зет за сестра, кој починал на лице место, а Ф. Д. (25), внук од сестра, е погоден со куршум во десната нога и е пренесен во Ургентен Центар, каде му се укажува лекарска помош, информираат од МВР за КУРИР.

Причините за убиството се нарушени семејни односи и нарушени имотно – правни односи.

Сторителот е приведен.

извор: kurir.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична против тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството до денес нема ништо преземено

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците рече дека МВР ја следи работата на Онкологија уште…