СЈО: Разговорите се крунски доказ за вина на Јанкулоска, се чека пресуда за мерцедесот

“Ексминистерката Гордaна Јанкулоска го поттикнала помошник- министерот Ѓоко Поповски, екстралуксузното возило да се даде на користење на тогашниот премиер Никола Груевски бидејќи тој сакал да има такво возило. бараме осудителна пресуда”, рече обвинителката Фатиме Фетаи на крајот од рочиштето за набавка на блиндираниот мерцедес за кој Никола Груевски доби две годишна затвроска казна.
Според обвинителката, поранешната министерка за внатрешни работи инсистирала информацијата за набавениот „мерцедес“ да се чува во тајност и надвор од МВР, за да не го гледале вработените и јавноста.
Покрај другото, обвинителката Фетаи во завршните зборови рече дека техничките спецификации за возилото „мерцедес ес 600 гард“, претходно по пошта биле доставени до Поповски, за да се направи тендер идеален само за овој автомобил, исфрлувајќи ги другите конкурентски автомобили.
„Груевски Јанкулоска и Поповски свесно ги презеле дејствијата знаејќи дека се противзаконски“, рече Фетаи.
Обвинителот Стевчо Донев појасни дека вината на обвинетата Гордана Јанкулоска се докажува преку изнесените телефонски разговори од кои може да се слушне како ексминистерката заедно со поранешниот премиер Никола Груевски и заменик-министерот Ѓоко Поповски ја договараат целата постапка за набавка на екстралуксузното возило при што се фаворизира операторот „Макаутостар“.
Донев истакна дека МВР навистина имало потреба од ново блиндирано возило и доказ за тоа е распишаниот тендер за набавка на старо блиндирано возило во вредност од 22 милиони денари со поминати 15 илјади километри.
За овој тендер до истекот на рокот не било пријавено ниту едно возило па од МВР наместо да ја повторат постапката со исти спецификации за бараното возило, оттаму се решиле да набават ново возило. Првично биле предвидени 15 милиони денари, што е помалку од првичната сума што била планирана да се издвои за половно возило, но потоа го зголемиле износот на 30 милиони денари.
„Оваа постапка се води во исклучителни околности за мене. Постои пристрасност кај мнозинството од судечкиот совет кој јавно искажа став дека сум виновна уште при носење на пресудата за Ѓоко Поповски и Никола Груевски. Дополнителна околност за пристрасност е носење на одлука во експресен период. На почетокот на процесот требаше да се грижам за дете кое имаше 2 месеца, а сега на крајот има 3 месеца“, рече Јанкулоска во својот завршен збор со растревожен глас. Пресудата ќе биде соопштена на 8 октомври.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Обвинителката Хаџивасилева: Не сакаме да ја блокираме болницата „Жан Митрев“, обвинетиот може да понуди и друга гаранција

За предметот против Жан Митрев кој ОЈО Скопје го отвори по документарецот „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија…