СЈО: Замрзнат имотот на „Европа 92“ и на „НОЕЛ“ во истрагата за „Поштенска банка“

По барање на ова Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот во врска со истрагата во јавноста позната под името „Поштенска банка“, соопшти Специјалното јавно обвинителство.
Со мерката е обезбеден недвижен имот сопственост на правните лица Европа 92 ДООЕЛ Кочани и НОЕЛ експорт-импорт ДООЕЛ Гевгелија и имот на име на нивните сопственици, осомничените лица во истрагата, Ратко Димитровски и Томе Главчев. Воедно, обезбеден е и имот од други правни лица кај кои има сомневање дека се прелеала противправна имотна корист – ТУРИСТКО ДООЕЛ Кочани, БЕНТОН ДООЕЛ експорт-импорт Гевгелија, НОЕЛ КОМПАНИ ДОО Гевгелија и НОЕЛ ПЛУС ДООЕЛ с.Стојаково-Богданци.
Со мерките на Судот се забранува отуѓување и располагање, а дејствијата се преземени со оглед на тоа што постои oпасност истиот имот да биде отуѓен до правосилно завршување на постапката.

извор: СЈО

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Катица Jанева:Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина

изјава на Катица Јанева по денешната снимка за случајот Рекет: Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со…