Скандал : Дактилографка ги распределува предметите на судиите во Кривичен

Скопскиот Кривичен суд освен што доби нов распоред на судии и големо поместување на места и позиции, деновиве претседателот Иван Џолев направил нов распоред и на судската администрација. Најновиот список на имиња и позиции открива нелогичности и постапки кои Законот за судска администрација не ги предвидува.
Најголем скандал е назначувањето на доскорешна дактилографка за работа со АКМИС системот за распределба на предметите. Дактолографката сега е во служба во судска писарница и тоа одговорен службеник во одделението за организиран криминал и корупција. Тоа значи дека ќе биде одговорна за доделување на преметите на судии односно работа со системот кој до сега донесе многу проблеми во овој суд.
Интересен е списокот на кабинетот на претседателот и најблиските сектори за соработка. Претседателот има двајца советници соработници од кој едниот не е со регулиран статус, туку е волонтер во судот. Како влегол во кабинетот како советник не е познато.
Друг пак вработен како поранешен раководител во одделот за човечки ресурси кој во медиумите стана познат по пријава за насилство врз колешка и издавање тајни од судот , по неговото разрешување повторно е на позиција за која треба да се исполнат одредени услови. Тој како помлад референт отишол 6 скалила повисоко во во судот иако требало да има оглас за работното место и оддобрени средства од финансии.
Според распоредот на имињата целата судска администрација е преуредена без запазување на Законот за судска администрација кој предвидува распишување огласи за одредени места. Тоа особено важи за унаптредувања нагоре во службата, но до објавувањето на новиот распоред оглас не е распишан.
Новите распореди и списоци на судиите и администрацијата се пуштени веднаш по Нова Година и по големата преселба по канцеларии судот почнува со работа со комплетно нова постава на која ќе и треба време да ги услогласи старите и новите броеви на предмети и броеви на судии и судници во кој ќе се судат илјадниците предмети во најголемиот суд во државава. Многу од нив меѓу кои и предметите на СЈО ќе почнат од почеток.

Total
0
Shares
Поврзани објави