СКАНДАЛ ВО ЗАТВОР ПРИЛЕП : Затвореник нападна со нож командир откако надлежните го пуштиле од затворено одделение

Последниот голем инцидент се случил вчера во кој е замешан затвореник од затворот во Прилеп, а за малку ќе настрадал командир. Затвореникот со нож се обидел да го нападне и да побегне, но сепак бил спречен во намерата. Инцидентот се случил во кругот на прилепската болница. Полицијата до доцна вечерта правела проверки во затворот како затвореникот се обидел да бега , но и да ги проверува документите.
Според првичните сознанија не е јасно како затвореникот бил ставен во дел од затврот кој е послободен за движење и има друг третман. СПоред неговото досие тој се води како проблематичен затвореник кој и друг пат има направено инциденти. Осуден е 15 години за разбојништва. Казната почнал да ја издржува во КПУ Идризово, но бил префрлен во Штип. Но таму ги нападнал со нож командирите за што има обвинение и го носат на суд, но случајот е не е завршен. Поради инцидентот пред 4 месеци е префрлен во затворот во Прилеп во затвореното одделение. Но иако проблематичен затвореник раководителката во затврот и поранешниот директор донеле одлука да го префрлат во зграда односно на место каде и контролата е послаба.
Од синоќа затвореникот поради инцидентот е во самица и се испитува дали службите во затворот Прилеп ја прекршиле процедурата вадејќи пробламатично и лице склоно на насилство во полесни услови за издржување затворска казна, односно како би рекле со затворски речник го репрогресира во похуман дел.
Полицијата се уште трага по бегалецот од последната акција кога се апсеа затвореници дирери. Затвореникот иако не исполнувал услови за прв викенд од отворено одделение во КПУ Идризово со дозвола од Управата за извршување санкции бил префлен во затвор Струга кој е од отворен тип. Директорот на затврот во Струга по повикот од полицијата да даде изсказ и претреси во неговиот затвор само иницијативно побара да биде разрешен и откако Владата ја прифати оставката , доби ново директорско место во новоформирано претпријатие.

Total
0
Shares
Поврзани објави