Снимен разговор на Мијалков и Јанкуловска крунски доказ за “Сопот”

Аудиоснимка од прислушуван разговор помеѓу екс- министерката Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е нов доказ што го предложи Специјалното обвинителство во случајот „Сопот“. СЈО бара како сведоци да се сослушаат и 6-мина вработени во УБК кои ја работеле предистражната постапка за овој случај.
„Ние очекувавме дека ќе бидат предложени и круцијалните сведоци по овој предмет, а тоа се Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, бидејќи тие се во разговорите, тоа е општо познато. Бидејќи тоа не го стори СЈО, ние како одбрна тоа сигурно ќе го предложиме“, изјави адвокатот Насер Рауфи.
На селаните со жителство во Сопот им се суди затоа што во март 2003-тата поставиле мина на патот Сушево- Сопот кога загинаа двајца војници на НАТО и еден цивил. Тие веќе се осудени но постапката се повторува поради нови докази и признание на сведок дека дал изнудена изјава.

Total
0
Shares
Поврзани објави