Сопругот на Јанкулоска очекува победа во Стразбур, најавува и тужба против судијката Кацарска

Адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на екс министерката Гордана Јанкулоска, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, вели дека неговата сопруга храбро се држи во затворот „Идризово“.

-Гордана е добро, храбро се држи, знае дека правдата е на нејзина страна, кога тогаш ќе дојде на нејзина страна. Петар е добро и тој е храбро дете и тој беше предмет на малтретирање уште пред да се роди, во овие две години и повеќе научи да живее во такви околности, изјавил Илиевски.

На прашањето дали го пече совеста за внуците и ќерката на Велија Рамковска, кои беа во иста ситуација, Илиевски вели дека такви тези слушнал многу, но според него не може да се прави компарација, бидејќи вели дека Јанкулоска не нарачала пресуди, не обвинила и не осудила никого.

За очекувањата од Судот за човекови права во Стразбур, бидејќи тој е подносител на десете апликации на дел од обвинетите од СЈО, кои бараат аболицијата на Ѓорге Иванов да важи, Ивановски вели дека очекува одлука во нивна полза.

-Ние тврдиме дека не може да се отповика помилување и дека се што е направено е спротивно на принципот на владеење на правото, но еве да оставиме на Владата да аргументира зошто мисли дека може, вели Илиевски кој вели дека очекува одлука да има до крајот на годината, а најдоцна до почетокот на летните одмори.

Тој појаснува дека Јанулоска не била аболицирана од Иванов за случајот „Тенк“, а за кој издржува затворска казна, но најавува дека и за овој случај ќе покрене постапка пред Стразбур. Тој вели дека ќе ја тужат судијката Добрила Кацарска за пристрасност. Појаснува дека на Јанкулоска и било скратено правото за правично судење и дека од почеток до крај постапката била неправична.

Total
0
Shares
Поврзани објави