Сопствениците на рестораните за свадби барат чаре од владата

Претставникот на рестораните што организираат свадби, Екрем Мемиши, на денешниот протест пред Влада изјави дека во кризно време не сакаат да спечалат, туку само бараат начин како да не пропаднат.

Мемиши пред присутните на протестот рече дека е свесен за кризата, но побара посебни протоколи за организација на свадби за да не пропадне индустријата.

– Од 14-ти март не работиме,а повторно успеавме да ги исплатиме своите работници и покрај тоа што немавме приходи. Бараме посебни протоколи за организација на свадби на кои секакао би се почитувале мерките за заштита од ковид-19 – истакна Мемиши.

Според него, состојнбата мора да се смени затоа што сите сектори се враѓат во нормала, освен угостителството.

Total
0
Shares
Related Posts