Стечајниот управни тврди дека имотот на Еуростандард банка е заштитен

Стечајниот управник на Еуростандард Душко Тодевски тврди дека целата опрема и мебелот на сите експозитури на банката се заштитени негирајќи ги реакциите на штедачи на социјалните мрежи дека имотот се разграбува.

„Прибрана и заштитена е и севкупната докуметација од овие експозитури. Ваквата активност е спроведена затоа што веќе се раскинати договорите за закуп на деловен простоор“, тврди Тодевски одговарајќи на објавување на фотографии на социјалните мрежи во врска со состојбата на експозитурата на банката пред Собрание.

Тој вели дека во текот на стечајната постапка се избегнуваат непродуктивни трошоци и се заштитува стечајната маса во функција на исплата на побарувањата на доверителите.

Според него, фотографиите објавени на нашиот портал датираат по спроведувањето на активноста за прибирање и заштита на предметите од експозитурата на ул. Даме Груев во Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави